Спорт

Без Ојлески, Марковски и Даксаловски против Словенија

Гоце Ојлески, Никола Марковски и Златко Даскаловски се тројцата ракометари кои нема да бидат дел од составот на македонската ракометна репрезентација на утрешниот натпревар против Словенија

12.01.2018 21:26:29

Ако сите очекувавме дека предводникот на националниот тим нема да се реши за тројца голмани во екипата сосема неочекувано доаѓа одлуката за изоставувањето на Ојлески и Марковски, но сигурно дека овој потег е дел од тактичката замисла на Раул Гонзалес како да и се спротивстави на Словенија во првиот настап на континенталниот шампионат.

Нашите ракометари претпладнево го одржаа единствениот тренинг во загрепската арена откако вчера се подготвуваа во домот на спортовите во хрватската престолнина. Нашиот состав на првенството влегува со амбиција да се продолжи низата на добри резултати во настапите на големите натпреварувања и повторно да се пласира во следната фаза. 

Сигурно дека сите во нашиот состав посакуваат во главната рунда да се пренесе и некој бод, а тоа може да се реализира со поволни резултати во соочувањата со Словенија, Црна Гора и Германија. 

На утрешниот меч се очекува жестока битка на теренот, но сигурно дека и на трибините ќе на нависоко ниво. ВО Загреб се очекуваат околу две до три илјади македонски навивачи, а се најавуваат двојно повеќе поддржувачи на Словенија. Првата рунда во нашата Ц група се отвора со мечот меѓу Црна Гора и Германија, а стартот е закажан за 17 часот и 15 минути додека од 19 и 30 почнува дуелот Македонија и Словенија.