Македонија

ЈО отвори истрага за депонијата Дрисла

Скопското јавно обвинителство, по допрен глас отвори истрага за депонијата „Дрисла”. Сомнежите на обвинителството одат во насока дека депонијата извршила кривично дело загадување на животната средина и природата, казниво по член 218, од Кривичниот за

12.01.2018 17:42:37
 Скопското јавно обвинителство, по допрен глас отвори истрага за депонијата „Дрисла”. Сомнежите на обвинителството одат во насока дека депонијата извршила кривично дело загадување на животната средина и природата, казниво по член 218, од Кривичниот законик. Како што информираат од обвинителството, надлежен јавен обвинител испратил  барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата „Дрисла”, како и што утврдиле контролите, односно дали  констатирале почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата.

Пред околу една недела директорот на државниот инспекторат за животна  на прес кажа дека за „Дрисла” има прекршочна  постапка, казна од 8 ипол илјади  евра, бидејќи констатирано било  пречекорување  на границата  за испуштање од  инцелераторот, односно од печката за горење на медицинскиот отпад.  На „Дрисла” и бил даден рок од 90 дена, кој пак истекува во февруари  да постават филтри на печката,  доколку не бидат поставени  од инспекторатот потенцираа дека ќе следи казна. Сега депонијата медицински отпад смее да гори само осум часа во денот, кога тоа го дозволуваат временските прилики, но не во три смени како што било претходно. 

Изминатиот период откако беше надминат прагот на алармирање, согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух иако  државните инспектори за животна средина извршиле вонредни инспекциски надзори  во  Скопје и Тетово  само за „Дрисла” има прекршочна постапка. Инспекторите проверувале фирми и погони ама како што рече директорот на инспекторатот ништо не пронашле. 

Вероника Мароска Леова