Свет

Голем пожар во железничката станица во Нотингем

Голем пожар ја затвори железничката станица во британскиот град Нотингем.

12.01.2018 15:28:46
Голем пожар ја затвори железничката станица во британскиот град  Нотингем.

Огнени јазици се закануваат од покривот на зградата и брзо се прошируваат низ целиот објект.

Поради густиот чад, зградата на станицата е евакуирана, а сообраќајот во прекин. Со огнената стихија се борат повеќе од десетина противпожарни екипи.