Свет

Трамп: Африка и Хаити се „ср..е од држави“

Американскиот претседател Доналд Трамп се занесе синоќа на состанок со парламентарци во Белата куќа за имиграцијата, нарекувајќи, според „Вашингтон пост“, неколку африкански нации и Хаити како „ср..е од држави“ (Shithole countries).

12.01.2018 12:41:00

Трамп прими синоќа неколку сенатори меѓу кои републиканецот Линдзи Грејам и демократот Ричард Дурбин за да разговара за планот за ограничување на фамилијарно собирање и пристап до лотаријата за зелена карта. Во замена договорот би овозможил да се избегне протерување илјадници млади кои често доаѓаат како деца во САД.

„Зошто сите тие лица од ср..е држави доаѓаат овде?, (Why are we having all these people from shithole countries come here?), запраша Трамп во разговорите“, објави весникот цитирајќи неколку неименувани извори.

Според нив, тој алудирал на африкански држави како и на Хаити и Салвадор, објаснувајќи дека САД би требало да прифати државјани од Норвешка со чија премиерка имаше состанок ден претходно.

– Зарем ни требаат повеќе жители на Хаити -прашал претседателот, наведува „Вашингтон пост“.