Балкан

Брод со материјали за изработка на експлозив откриен во Грција

Грчката крајбрежна стража соопшти дека денеска заплениле брод кој носел материјали за изработка на експлозив при што уапсени биле осум членови на екипажот.

10.01.2018 19:49:48
 Грчката крајбрежна стража соопшти дека денеска заплениле брод кој носел материјали за изработка на експлозив при што уапсени биле осум членови на екипажот.

Бродот пловел под знаме на Танзанија, а бил откриен во близина на Крит. На него биле пронајдени 29 сандуци во кои имало амониум-нитрат, детонатори и 11 празни резервоари за течен нафтен гас.

Тој исполовил од Турција, а пловел кон Џибути, но неговата рута била сменета и како крајна дестинација било наведено пристаништето Мисрата во Либија.