Македонија

Битолските затвореници ќе читаат книги

Без оглед на условите во кои претстојуваат, битолските затвореници од КПУ – Затвор Битола, од денеска ќе имаат поголем избор на книги за читање, а наскоро ќе добијат и комплетерина мина- библиотека.

10.01.2018 20:00:15
 Без оглед на условите во кои претстојуваат, битолските затвореници од КПУ – Затвор Битола, од денеска ќе имаат поголем избор на книги за читање, а наскоро ќе добијат и комплетерина мина- библиотека. Оваа можност се отвора по денешната средба на затворската управа со првите луѓе на Нарадоната и универзитетска библиотека од Битола, кои како божиќен подарок донесоа една колекција од стотина книги, но и со најава за донирање на нов книжен фонд и други содржини што ќе помогнат за ресоцијализација на затворениците.

- Тука нема да застанеме. Ќе имаме прилика да организираме предавања, можеби некои средби со писатели, а веројатно ќе можеме да објаснуваме што книгите самите можат да го направат за еден човек, а тоа е т.н. библиотерапија - рече директорката на Битолската библиотека Јелена Петровска.

Но, во оваа казнено- поправна установа со  капацитет за стотина затвореници и несоодветни и застарени објекти од после Втората светска војна, со дотраена инфраструктура, со лоши услови за сместување и голем буџетски дефицит на финансиски средства кои последнава деценија се скратени неколкукратно, се чини дека читањето на книги може да биде последното кое би и им  паднало на памет на осудениците. Сепак, новиот директор овие проблеми  што се видливи и со голо око, ги третира како да се класифицирани информации.

- Ние не смееме да истакнуваме такви податоци и информации. За секоја информација потребна за медиумите и за јавноста, стриктно треба да се обратите до Управата за извршување санкции на РМ - рече директорот Драги Крајовски.

За ресоцијализација и остварување приходи, битолскиот затвор располага со работилница, производство на печурки и деградирана агроекономија, кои прилегаат на провозориуми.

Божиќната понада со книги за Битолскиот затвор, навистина е убав гест. Меѓутоа, ако се земе предвид дека тука многу работи недостасуваат - од елементарна инфраструктура до средување стандародот на затворениците и се друго со години што се таложело како проблеми, некако делува како работите да запшочнале да се средуваат од кровот, а не од темелите. 

Петар Стефановски

 

beter

Од: marin

Време: 10.01.2018 21:07:06

Коментар: Kako trgnalo, ovie ce bidat beter od prethodnite. Za zatvorot treba da se kaze javno sto pravese prethodniot direktor osven sto go polnese gepekot so zelki i lubenici od zatvorskata agroekonomija???