Спорт

Граховац: Не верувам дека нема да се игра во Загреб

Само неколку часа по објавувањето на веста дека постои можност Загрепска арена да не биде домаќин на мечевите од Европското првенство, реагираше првиот човек на Ракометниот сојуз на Хрватска, Томислав Граховац.

09.01.2018 20:56:34
"Не верувам дека одигрувањето на Европското првенство во Загреб ќе се доведе во прашање. Искрено јас сум изненаден, не знам ни што е позадината на овој потег и навистина не го разбирам бидејќи доаѓа на само два-три дена пред почетокот на шампионатот. Но, ајде да почекаме официјален допис па тогаш ќе можам да дадам и коментар", изјави за Хрватската телевизија, претседателот на Ракометниот сојуз на Хрватска, Томислав Граховац.

Компанијата Ингра која ја изградила и стопанисува со Арената се закани дека нема да дозволи натпреварите од континенталното првенство да се играат во неа со објаснување дека градот Загреб има неплатен долг од 200.000 евра.