Спорт

Словенија без Доленец на ЕП во Хрватска

Селекторот на словенечката ракометна репрезентација, Веселин Вујовиќ на претстојното Европско првенство во Хрватска нема да може да смета на играчот на Барселона, Јуре Доленец.

09.01.2018 20:29:02
"Стравувавме дека Јуре Доленец нема да биде подготвен за настапот на Европското првенство и сега тоа стана реалност. Голем хендикеп е тоа за Словенија, но сега младите ракометари ќе имаат поголема можност за да покажат дека и тие поседуваат квалитет и моќ. Но, нема време за да зборуваме за нашата „лоша среќа“, туку мораме да кажеме дека сме подготвени за борба и секој од нас ќе даде и повеќе од максимум за успех", изјави Вујовиќ за словенечките медиуми.

Словенија е нашиот прв противник на континенталното првенство, а мечот во Загреб се игра в сабота со почеток од 19 часот и 30 минути.