Спорт

Македонски Телеком партнер на Ракометната федерација

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија.

09.01.2018 20:21:52
Партнерството беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Елснер,  претседателот на Ракометната федерација на Македонија,  г-дин Живко Мукаетов и капитенот на репрезентацијата,  Кире Лазаров

„Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад. Нашата цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати, а согласно амбициите и плановите на нашата репрезентација, верувам дека ќе имаат успешна игра на Европското првенство  и им посакувам многу понатамошни победи“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

























Задоволството од потпишаниот договор со Македонски Телеком не  го криеше ниту првиот човек на Ракометната федерација, Живко Мукаетов.

"Најдобрите доаѓаат заедно, ние денеска ја имаме честа спортот број 1 во Македонија, благодарение на овие момци овде, да потпишеме соработка со Македонски Телеком. Како претседател на федерација  мене ми е чест што ќе соработуваме со моќна компанија како Телеком. Апсолутно сум убеден дека одлично ќе се претставиме и ќе ја направиме нашата држава горда како и досега", истакна Мукаетов.
























А капитенот на националниот тим порача дека тој заедно со своите колеги ќе дадат се од себе да постигнат што е можно подобар резултат.

"Би се заблагодарил  на новото партнерство и се надевам дека ќе биде успешно, дека ќе ни се случуваат само убави работи. Ова е нов почеток, пред нас е Европското првенство, сите сме желни, спремни за она што не очекува. Што се однесува до нашиот тим, можам да кажам дека спремни го очекуваме од ЕП, спремни да се бориме против секого. Имаме искуство на вакви големи натпреварувања  се надевам дека ќе останеме здрави, ќе не послужи и спортската среќа. Работевме максимално, да си посакаме здравје и среќа, да бидеме обединети како никогаш досега и да направиме добар резултат", потенцираше Лазаров.