Спорт

Монако ќе му дозволи трансфер на Лемар?

И покрај најавите дека ниту еден фудбалер нема да го напушти францускиот првак Монако, раководството на клубот размислува да прифати една од богатите понуди за трансфер на првата ѕвезда во тимот Томас Лемар.

09.01.2018 19:53:12
Потврда за тоа е изјавата на тренерот Леонардо Жардим, кој истакна дека и покрај политиката на клубот да не се продаваат играчи во зимскиот преоден рок сепак до крајот на месецов може да случат неочекувани работи.

Ливерпул, кој остана без клучниот играч во средниот ред Филип Кутињо за францускиот репрезентативец е подготвен да плати обештетување од 100 милиони евра, а во трка за Лемар е и Арсенал, кој исто така би сакал да го доведе во своите редови.