Спорт

Минесота убедлива против Кливленд, Голден Стејт славеше против Денвер

Во НБА лигата одиграни се осум натпревари.

09.01.2018 19:39:52
Минесота беше убедлива против Кливленд и забележа триумф од 127:99 и ја забележа втората последователна победа. Ендрју Вигинс мечот го заврши со 25 поени и шест скока, Џими Батлер додаде 21 поен, осум освоени топки и девет асистенции, а Карл Ентони Таунс впиша 19 поени и 12 скока. 

Во поразениот тим најефикасен со 22 поени беше Џеф Грин, Кајл Корвер постигна 19 додека ЛеБрон Џејмс имаше скромен учинок од 10 поени, осум скока и пет асистенции. 

Бранителот на трофејот Голден Стејт славеше над Денвер со 124:114 и стигна до петтата победа едно по друго. Стефан Кари имаше 32 поени, девет додавања и четири скока.  Дрејмонд Грин забележа 23 поени и 10 додавања, а Клеј Томпсон постигна 19 поени. 

На спротивната страна блескаше Никола Јокиќ со учинок од 22 поени, 12 скока и 11 асистенции и стигна до првиот трипл-дабл, Гери Херис постигна 22 поени, а Вил Бартон и Џамал Мареј натпреварот го завршија со по 21 поен.

Во останатите натпревари:
Индијана - Милвоки  109:96
Бруклин - Торонто  113:114
Чикаго - Хјустон  107:116
Њу Орлеанс - Детроит  112:109
Сакраменто - Сан Антонио 100:107 и 
ЛА Клиперс - Атланта  108:107