Спорт

Кутињо вреди 160 милиони и повреден

Само неколку часа по комплетирањето на трансферот со кој Филипе Кутињо за 160 милиони евра се пресели на Камп Ноу, раководството на Барселона потврди дека фудбалерот е повреден и нема наскоро да дебитира за новиот клуб.

08.01.2018 17:40:15
Станува збор за повреда на бутниот мускул на десната нога поради која 25 годишниот Бразилец ќе паузира најмалку три недели.