Спорт

Циндриќ најдобар ракометар за 2017 година

Играчот на Вардар, Лука Циндриќ е прогласен за најдобар ракометар во Европа за 2017 година.

07.01.2018 13:48:54
Во изборот на ЕХФ во кој учествуваа љубителите на ракометот од Стариот континент, Циндриќ го освои првото место со вкупни 6.731 глас од вкупно 14.465 и сосема заслужени стигна до престижното признание. Втор со 6.039 гласа беше ракометарот на Веспрем, Мате Лекаи, а трет е тимскиот колега на Циндриќ, Арпад Штербик.

Кај дамите убедлива на првата позиција заврши Кристина Неагу, која триумфираше пред Анита Гербиц и Нора Мерк.