Спорт
Германија се среќава со Исланд, Црна Гора и гостува на Хрватска
Вчера нашиот прв противник во групата, репрезентацијата на Словенија го одигра првиот контролен дуел, а составот предводен од селекторот Веселин Вујовиќ беше убедлив во соочувањето со Иран забележувајќи победа од 31:19.
До стартот на Европското првенство Словенија на деветти и
десетти овој месец ќе се соочи со селекцијата на Србија.
Денеска првите контролни мечеви ги имаат и нашите останати
противници.
Германија од 18 часот и 30 минути игра против Исланд додека
за 20 и 30 закажан е почетокот на мечот во Сплит меѓу Хрватска и Црна Гора.