Македонија

Половина Скопје чади но освен Дрисла надлежните не знаат од каде и од кого!?

15 вонредни надзори извршиле државните инспектори за животна средина во Скопје и Тетово откако беше надминат прагот на алармирање, согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух.

04.01.2018 18:06:12
 15 вонредни надзори  извршиле државните инспектори  за животна средина  во  Скопје и Тетово  откако беше надминат прагот на алармирање, согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух.  Само за депонија „Дрисла”  има прекршочна  постапка, казна  од 8 ипол илјади  евра . Иако имало претставки  за загаденост на воздухот во Општина  Карпош и во доцните попладневни часови во неколку наврата   инспектори искочиле  на терен  ги провериле   сите компании и мали погони  меѓутоа  како што велат од инспекторатот не е најдено ништо. Дивите сметилишта  оттаму објаснија дека се под  ингеренција на општините, тие треба да си го решат проблемот. 

 Кај депонија „Дрисла “констатирано е  пречекорување  на границата  за испуштање од  инцелераторот, односно од печката за горење на медицинскиот отпад.  На Дрисла и бил даден рок од 90 дена, кој пак истекува во февруари  да постават филтри на печката,  доколку не бидат поставени  од инспекторатот велат  ќе следи казна. Депонијата  медицински отпад сега смее да гори само осум часа во денот, кога тоа го дозволуваат временските прилики не во три смени како што било претходно. 

Директорот  на државниот инспекторат за животна средина потенцираше дека во последниот квартал од минатата година се вршеле зајакнати контроли. Ги повикаа граѓаните  да пријавуваат загадувачи, палење на оган и опожарување на јавни површини  на  телефонскиот број 193. Фокусот на надзорите за 2018 година, посочи Богдановски, се однесува на индустријата што подлежи на А-интегрирани дозволи како цементарница, рафинерија, топланите и големите индустриски објекти.

Вероника Мароска Леова 

 

Од: Скопје

Време: 04.01.2018 18:16:44

Коментар: Дали конечно некој ќе каже какво гориво користи Цементара? Има ли филтри? Го контролира ли некој производството и огромниот чад?

ЈАС ЗНАМ

Од: ФИЛИП

Време: 04.01.2018 18:07:44

Коментар: ПРОВЕРЕТЕ КОЛКУ СЕМЕЈСТВА ВО СКОПЈЕ ИМААТ СИСТЕМИ НА ПАРНО ГРЕЕЊЕ КОИ КОРИСТАТ НАФТА, ЈАГЛЕН И ОТПАД ГУМИ И ЌЕ ДОЗНАЕТЕ. ВО МОЕТО ГРАТЧЕ ОД ПРЕКУ ТРИСТА - ЧЕТИРИСТОТИНИ ПАРНИ СИСТЕМИ ИМА САМО ДЕСЕТИНА СЕМЕЈСТВА ШТО ЗА ГРЕЕЊЕ ВО СИСТЕМОТ ЗА ПАРНО КОРИСТАТ НАФТА, А НАУТРО КОГА ИЗЛЕЗАМ НА ТЕРАСА ВЕДНАШ ЈА ПОЧУВСТВУВАМ СМРДЕАТА ОД ГРЕЕЊЕ НА НАФТА. А ВО СКОПЈЕ МИ Е ПОЗНАТО ДЕКА ПОВЕЌЕТО ИНДИВИДУАЛНИ СЕМЕЈНИ КУЌИ ИМААТ СИСТЕМИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ, А МАЛКУ ОД НИВ СЕ НА ДРВА.