Сцена

Кејт Бланшет претседател на жирито на Канскиот фестивал

Австралиската актерка Кејт Бланшет, добитничка на два Оскара, ќе претседава со жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што се одржува од 8 до 19 мај, соопштија организаторите.

04.01.2018 13:12:29

Австралиската актерка Кејт Бланшет, добитничка на два Оскара, ќе претседава со жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што се одржува од 8 до 19 мај, соопштија организаторите.

Блашнет е една од предводничките на борбата против сексуалното вознемирување. Таа заедно со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формираа Фондацијата „Готово е“ (Time'Up) за помош на жртвите од сексуално злоставување.

Австралиската актерка е 12. жена која ќе претседава со жирито на Канскиот фестивал, четири години по новозеландската режисерка Џејм Кемпион.