Црна хроника

Кичевското обвинителство ја расветлува сообраќајката во која загина тримесечно бебе

Сообраќајката се случила вчера околу 17:00 часот на магистралниот пат Кичево – Македонски Брод во која животот го загуби тримесечно бебе, а пет лица се тешко повредени.

04.01.2018 11:24:57

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево прибрани се траги од местото на сообраќајката што се случи вчера на патот Кичево – Македонски Брод во која животот го загуби тримесечно бебе. Претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот, соопшти ЈОРМ.​

Сообраќајката се случила вчера околу 17:00 часот на магистралниот пат Кичево – Македонски Брод во која животот го загуби тримесечно бебе, а пет лица се тешко повредени.

Веднаш по несреќата дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Министерството за внатрешни работи извршиле увид на лице место.

Според првичните информации, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач со приколка марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При претекнувањето, возилото Голф удрило во патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец. На лице место од здобиените повреди починало тримесечно бебе. Патниците на двете патнички моторни возила со тешки телесни повреди се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош.