Црна хроника

Жена загина, а петмина се повредени во сообраќајката на патот Тетово - Гостивар

Триесет и двегодишна жителка на Урвич загина во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Тетово - Гостивар во близина на клучката за село Камењане.

04.01.2018 11:16:52

 Триесет и двегодишна жителка на Урвич загина во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Тетово - Гостивар во близина на клучката за село Камењане.

Таа била сопатник во возилото „опел корса“ кое се судрило со „форд куга“ со швајцарски таблички. Со тешки телесни повреди се здобил и нејзиниот 37-годишен сопруг кој управувал со возилото. 

Двајцата се пренесени во Тетовската клиничка болница каде 32-годишната Е.С. починала. Нејзиниот сопруг по укажаната лекарска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Со телесни повреди се здобиле и пет сопатници во корсата на возраст од две, шест и тројца на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во Тетовската клиничка болница, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи. Се работи на целосно расчистување на случајот.