Спорт

Циндриќ и Штербик во конкуренција за најдобар во 2017

Европската ракометна федерација го отвори гласањето за изборот на најдобар во 2017 година.

02.01.2018 13:57:34

Арпад Штербик и Лука Циндриќ се најдоа во потесниот круг на кандидати за најдобар играч во 2017 година во изборот што го организира Европската ракометна федерација.

Покрај двајцата ракометари на Вардар во конкуренција се уште Сандер Сагосен, Јулен Агинагалде, Гонзало Перез де Варгас, Мате Лекаи, Момир Илиќ  и Јери Халбек.

Гласањето ќе трае до седми овој месец, а потоа следи и официјалното прогласување на победникот.


Гласајте на овој ЛИНК