Свет

Крвава година за Сирија – речиси 40.000 загинати

2017 е уште една крвава година за Сирија. Според податоците на про-опозицискиот Сириски центар за човекови права, во текот на изминатата година 39.000 луѓе загинале во жестоките судири во оваа Блискоисточна земја

29.12.2017 16:01:30
2017 е уште една крвава година за Сирија. Според податоците на про-опозицискиот Сириски центар за човекови права, во текот на изминатата година 39.000 луѓе загинале во жестоките судири во оваа Блискоисточна земја. 

Од нив, околу 10.500 се цивили. Има и голем број деца, 2.109, а загинале и 1.492 жени. Сириската армија изгубила речиси 3.000 војници, додека терористите, предоминантно ноторната Исламска Држава и ребрендираната Џабхат ал Нусра, по ново Фатах ал Шам кое е крило на Ал Каеда во Сирија – речиси 7.500 борци. Хезболах, чии борци се сојузници на легитимната сириска Влада изгубиле 212 луѓе.

Бројките покажуваат дека 2017 бележи пад во однос на претходната, кога загинале безмалку 50.000 луѓе.

Инаку годинава беше можеби најважната во сирискиот конфликт затоа што беше посведочен целосниот воен крах на Исламска Држава, чии милитанти беа исчистени од сите градови и урбани центри. 

Од почетокот на насилствата, односно од протестите во Дараа во март 2011, во Сирија загинаа речиси половина милион луѓе, а околу пет милиони ги напуштиле своите домови.

Андреа Василевски

 

Siria

Од: Vane

Време: 08.01.2018 11:15:51

Коментар: Dzihadisti zaginati preky 60 000 she drygo e laga

NEMILOSRDNI

Од: ISTORICHAR

Време: 29.12.2017 17:02:25

Коментар: Prvo-dali znaat-pro -opozicijata(Ameri) shtoe toa chovekovi prava,,koj mozit i treba da dokazit kolku ljuge poginale i od koja strana=Toa moze samo da dokaze samo ;Megunarodnata organizacija=shto e izbrana od celiot svet.? Ane sto nekoj dava nekoibez veza broevi -i dokazi ..?? Plus ne povikani vo drzavata-pravaat shto sakaat.

RUSO-SAMO,UDRI.?

Од: ISTORICHAR

Време: 29.12.2017 16:48:23

Коментар: Gin. Putine;; znaete shto se problemite vo Sirija-samo Amerika...? Taa gi priprema i Organizira site : Krvolochni opozicioni stranki=A veli ; dase obedinime i pobedime Islamskata Drzava..? Nemoj da imate nikakvi spogodbi so ovie Lazgovci.Propalici.?? Od edna strana velaat-da gipobedime -islamistite=od druga strana gi obezbeduvaat So se sto mu treba..Ne se tie (opoz.za Sirijski interesi za pomosh ) tuku se za razaranje na Arapskiot svet za biznis i protif RUSIJA.? Shto baraat vo S.Koreja-pak Protif Kina i Rusija.??