Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: хунтата на власт ја зароби државата

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжува со протестите. За 18 часот е закажан собир пред Министерството за правда.

17.12.2017 16:51:29
ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжува со протестите. За 18 часот е закажан собир пред Министерството за правда. Опозицијата бара безусловно запирање на, како што велат, сите процеси на политички прогон,  итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДСМ, итно пуштање на слобода на сите опфатени со овој класичен политички прогон.

„Хунтата ги гази законите и ја зароби целата држава.  Власта предводена од Зоран Заев ги стави во своја служба  правосудните органи и преку нив врши политички прогон на неистомислениците. Судовите се под страшен притисок не судат врз база на аргументи туку по диктат на власта. По налог на хунтата на власт монтира случај за тероризам против македонски патриоти и луѓе кои дале и даваат свој придонес во општеството“ се наведува меѓу другото во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.