Култура

Македонската поп естрада ја испеа божикната песна „Вечниот Бог“

Пејачи од македонската поп естрада во пресрет на Бадник и Божик се здружија и направија освежена верзија на една од најпознатите божикни песни во православниот свет „Вечниот Бог“.

13.12.2017 15:57:57
Пејачи од македонската поп естрада во пресрет на Бадник и Божик се здружија и направија освежена верзија на една од најпознатите божикни песни во православниот свет „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои втор пат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и со Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6-ти јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

Песната е снимена во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а аранжманот е дело на Владимир Димовски, а видео спотот е веќе во подготовка. Ова музичко дело, најмногу ќе им  помогне на децата - коледарчиња, со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање.