Ексклузивно

Дневна новогодишна забава во Македонско село

Во комплексот македонско село, на 31 декември ќе се случи најдобрата дневна новогодишна забава. Забавата се организира на чардакот на ресторанот Македонски Ан со почеток од 12:00 часот.

12.12.2017 11:14:24

Доколку сакате поразлична забава пред големата вечерна прославата за новата година, ние имаме одличен предлог за вас!

Во комплексот македонско село, на 31 декември ќе се случи најдобрата дневна новогодишна забава. Забавата се организира на чардакот на ресторанот Македонски Ан со почеток од 12:00 часот.

За време на дневната забава, гостите ќе имаат можност да наздрават со своето друштво во прекрасниот празничен амбиен на комплексот, надополнет со одлична музичка програма на Boris & The Band и DJ Darko и да уживаат во деликатесното мезе и традиционалните специјалитети, по кои е познато Македонското село.

Резервирајте го вашето место на тел. 070 220 600.