Живот и стил

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по јаже раширено на 20 метри над реката Тибар во Рим, успеа да помине од едниот до другиот брег.

11.12.2017 11:46:24

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по јаже раширено на 20 метри над реката Тибар во Рим, успеа да помине од едниот до другиот брег.

Лорени минал 135 метара, прицврстен за канап, недалеку од  мостот Сaнт Aнџело. За локалните медиуми тој изјави дека во еден миг сепак, си помислил да се откаже поради дождот, ветрот и отсјајот во водата.

- Но, секако дека не можеш тоа да го направиш. Мораш да одиш до крај и да ги искористиш своите сетила, да те водат без оглед на стравот. Прекрасно е, изјави Лорени.