Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Основниот суд Скопје 1

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протест пред Основниот суд Скопје 1, на кој учесниците истакнаа дека судовите и судиите под притисок на власта судат политички и по партиска директива.

07.12.2017 21:52:46

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протест пред Основниот суд Скопје 1, на кој учесниците истакнаа дека судовите и судиите под притисок на власта судат политички и по партиска директива.

Говорниците порачаа дека правдата ќе излезе на виделина, обвинија дека во затворите се наоѓаат невини луѓе, а дека убијци се на слобода. На протестот присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Претходно во период од 15 до 17 часот ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше крстосниците кај „Мавровка“, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.