Свет

Полска: Шидло поднесе оставка, нов премиер Матеуш Моравецки

Полската конзервативната владејачка партија изјави денеска дека премиерката Беата Шидло поднесе оставка и дека на чело на полската влада ќе ја замени сегашниот министер за финансии Матеуш Моравецки.

07.12.2017 21:47:14

Полската конзервативната владејачка партија изјави денеска дека премиерката Беата Шидло поднесе оставка и дека на чело на полската влада ќе ја замени сегашниот министер за финансии Матеуш Моравецки.

Тоа вечерва го соопшти Беата Мазурек, портпаролка на партијата Право и правда, а по завршувањето на партискиот состанок во седиштето во Варшава.

Мазурек
изјави дека Шидло поднела оставка за време на состанокот, но  раководството на партијата сака таа да дојде на друга важна  позиција во владата, при тоа не прецизираше за која функција се работи.