Свет

Туск утре наутро ќе објави соопштение за Брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, утре ќе издаде соопштение за Брегзит, најави неговиот кабинет.

07.12.2017 21:30:33
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, утре ќе издаде соопштение за Брегзит, најави неговиот кабинет.


Не се наведуваат други детали, а еден официјален претставник на ЕУ соопшти дека новинарите ќе бидат известени во 7:50 часот по локално време.

Најавата за соопштението на Туск следи по неодамнешната посета на британската премиерка Тереза Мај на Брисел, каде што престојуваше за да се договори со ЕУ за терминот за напуштањето на унијата во 2019 година.