Свет

Лидерот на Хезболах повика на голем протест в понеделник против одлуката на Трамп за Ерусалим

Лидерот на Хезболах, шеикот Хасан Насрала повика денеска на голем протест в понеделник против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

07.12.2017 21:21:46

Лидерот на Хезболах, шеикот  Хасан Насрала повика денеска на голем протест в понеделник против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
 
-
Ги повикувам сите на огромен народен протест, да ја осудиме американска агресија и неправедно решение и да изразиме солидарност со палестинскиот народ, рече шефот на моќното либанско шиитско движење, кое е главен сојузник на Иран и заколнат непријател на Израел.

Шеик Насрала, исто така, ги повика жителите на 12 палестински бегалски кампови во Либан да протестираат.

- Судбината на Ерусалим е клучно прашање во конфликтот на Блискиот Исток, рече лидерот на Хезболах.

Тој предупреди дека одлуката на САД “ги става под закана исламските и христијанските светињи", и повика „арапскиот и муслиманскиот свет да го поддржат новото востание на Палестинците и да им дадат политичка, финансиска и воена помош".