Свет

Палестинскиот претседател не сака да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс

Палестинскиот претседател Махмуд Абас нема да се сретне со заменик- претседателот на САД, Мајк Пенс, подоцна овој месец.

07.12.2017 21:22:19

Палестинскиот претседател Махмуд Абас нема да се сретне со заменик- претседателот на САД, Мајк Пенс, подоцна овој месец.

Пенс, кој ќе направи турнеја низ регионот, побара средба со Абас на 19 декември во Витлеем.

-Таква средба (сепак) нема да има. (Пенс) Не е посакуван во Палестина, изјави Џибрил Раџуб, висок претставник на Фатах.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потенцира дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, не е сигнал дека САД се повлекуваат од мировниот процес.

- Не знам која друга земја се подготвува да го следи нашиот пример, изјави Сандерс, додавајќи дека не е запознаена со плановите на другите земји.