Балкан

Дачиќ на Тилерсон: САД не може да ја смени политиката со кадар од старата администрација

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ му кажал на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека промените во надворешната политика на САД не можат да ги донесат преставниците на стариот американски естаблишмент.

07.12.2017 19:46:31
 Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ му кажал на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека промените во надворешната политика на САД не можат да ги донесат преставниците на стариот американски естаблишмент који ја бранат политиката од 1990 година, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Во краткиот разговор со Рекс Тилерсон на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена, Дачиќ истакнал дека е потребно да се направат одредени стратешки договори и дека Србија е подготвена отворено да разговара со новата американска администрација.

„Му свртев внимание, дека измените во американската политика треба да ги донесат само претседателот, потпреседателот и министерот за надворешни работи на САД, бидејќи преставниците на стариот естаблишмент неможат тоа да го направат бидејќи ја бранат својата политика од 1990 година“, се наведува во соопштението на српското МНР.

Дачиќ во разговорот со Тилерсон ја истакнал позицијата на Србија да со САД изнајде заеднички интереси.

“Разговор со Тилерсон бил во функција на отворање на вратата, да на почетокот на следната година се оствари билатерална средба со него”, се вели во соопштението.

На маргините на министерскиот совет на ОБСЕ во Виена, Ивица Дачиќ имал средба и со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој ја потврдил неговата посета на Србија на 24 фебруари следната година.