Македонија

Половина од средините училишта во Република Македонија немаат вработено дефектолози

Во 58 односно повеќе од половина средни училишта во земјава нема вработено дефектолози кои би можеле да им помогнат на децата во процесот на образование, исто толку училишта немаат изработено индивидуални образовни планови да работат со учениците.

08.12.2017 15:09:17
Во 58 односно повеќе од половина средни училишта во земјава нема вработено дефектолози кои би можеле да им помогнат на децата во процесот на образование, исто толку училишта немаат изработено индивидуални образовни планови да работат со учениците. Само еден процент од училиштата навеле дека нивните наставници се целосно оспособени за инклузивна настава. Истражувањето кое го направија од канцеларијата на народниот правобранител покажало дека само во две училишта има внатрешен лифт, а во осум има прилагодувања - учениците со посебни потреби наставата  да следат на првиот кат. Во 13 има пристапни тоалети. Оттаму велат државата треба да вложи средства да се создадат можности за секое дете да има личен асистент. Детето да биде оценувано според неговите способности. 

Марија е со посебни потреби  учи во средното редовно училиште „Браќа Миладиновци” во Драчево, она што недостига во училиштето е пристапен тоалет за нејзините потреби. 

Министерката за образование рече дека една од активностите на министерството  е да се зголеми бројот на лични асистенти, но и во повеќе училишта да има пристапен терен за  нив, за што пак, се предвидени пари во предлог-буџетот за 2018 година. 

Ериксон, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија рече дека  потребна е трансформација  на размислување, дека секое дете има право на образование. Меѓутоа во пракса како што рече заменикот народен правобранител истражувањето изнесе на површина многу слабости на системот. 

Вероника Мароска Леова