Македонија

КСС до власта- не вршете притисок или ќе организираме генерален штрајк

Закани за протести и генерален штрајк доколку власта на СДСМ не престане да врши притисоци врз синдикалните лидери.

07.12.2017 17:49:15
Закани за протести и генерален штрајк доколку власта на СДСМ не престане да врши притисоци врз синдикалните лидери. 

Од Конфедерацијата на слободни синдикати обинуваат дека имаат огромен притисок врз работењето на синдикатите. А  дека власта сака да ги замолчи синдикалните лидери говори фактот дека првиот човек на КСС Благоја Ралповски е избркан од работа во Агенцијата за катастар, тој вели дека единствена причина биле критиките што ги упатувал кон институциите.

Со ваквато однесување, вели тој, се прекршени многу меѓународни конвенции од Меѓународната организација на трудот, како и Законот за работни односи.  

Дека КСС е во право потврдија и од регионалните синдикални организации од поранешна Југославија кои го осудија давањето отказ на претседателот на КСС поради неговото синдикално ангажирање и побараа да се поништи оваа одлука.

Инаку дека власта има аспирации кон замешување во синдикатите покажува и изборот на Дарко Димовски за нов претседател на ССМ.
Во напната атмосфера тој  беше избран преку јавно гласање со 68 гласа „за“ од вкупно 108 делегати кои присуствуваа на продолжението на Вонредниот конгрес .Неговиот против кандидат претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски рече дека ова е скандал од невидени размери и оти изгубил Синдикатот и работниците.
Делегатите од синдикатите кои му дадоа поддршка на Грујовски го напуштија Конгресот во моментот кога требаше да се гласа.

Во август Дарко Димовски ја презема функцијата од Живко Митревски откако доби поддршка од Министерството за труд и социјала кое му наложи на Централниот регистар да го впише како претседател на организацијата. Митревски се противеше и доби поддршка од повеќе меѓународни организации.
Минатиот месец пропадна Конгресот на ССМ кој се одржа во Охрид. Тогаш воопшто не се пристапи кон гласање поради реакциите на дел од делегатите кои го сметаа недемократски изборот на претседател бидејќи имаше само еден кандидат, Дарко Димовски.