Македонија

Штипските советници на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот

Скандирајќи Македонија, облечени во маици на кои пишува “И јас сум терорист”, штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напуштија денешната седница.

07.12.2017 14:54:23
 Скандирајќи Македонија, облечени во маици на кои пишува “И јас сум терорист”, штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напуштија денешната седница. 

На овој начин тие го искажаа својот револт за приведувањето и апсењето на како што рекоа луѓето кои го бранеле Уставот на државата.
 
Откако советниците ја напуштија салата, претседателот на Советот Јане Миланов од говорницата порача дека тој  како советник не сака да навлегува во правните квалификации за лицата кои се приведени, но надлежните треба да истражат зошто и кој на 27 април изврши упад во македонското собрание.

За штипскиот градоначалник Благој Бочварски кој на 27 април како пратеник беше меѓу повредените,  напуштањето на редовната седница од страна на ВМРО-ДПМНЕ е чиста пародија, изјавувајќи дека правда бараат оние, кои единаесет години ја уништуваа.
  
Поради немање на кворум, денешната седница не се одржа.


Александра Ристевска