Македонија

Експресно се турка промена на името?!

Закажаната средба во понеделник на медијаторот Метју Нимиц со преговарачките тимови нема да донесе конкретен предлог, вели за МИА првиот македонски амбасадор во Грција Љупчо Арсовски.

07.12.2017 14:54:31
Подготвува ли Брисел погоден терен за промена на името. Закажаната средба во понеделник на медијаторот Метју Нимиц со преговарачките тимови нема да донесе конкретен предлог, вели за МИА првиот македонски амбасадор во Грција Љупчо Арсовски. Вели дека очекувањата да се случат поголеми придвижувања се мали, а разговорите се ново име се премногу амбициозни. 

- Мислам дека е прерано или премногу сугестивно и амбициозно, дека Нимиц ќе изнесе конкретен предлог кој ќе биде веднаш соопштен. Повеќе размислувам за одредени разговори во насока „да се почувствува пулсот“. Климата и во двете земји на внатрешен план не соодветствува за пријатен простор за соопштување на одредени предлози кои би биле веднаш нападнати од „дежурните патриоти“ кои ги има во двете земји, смета амбасадорот Арсовски.
Арсовски предупредува дека јужниот сосед нема така лесно да се попушти во своите цврсти ставови кои ги повторува во секоја прилика и да се повлече од своите позиции. 

- Ќе бара одредени сигурни станици во тој процес на нашиот пат кон НАТО, пред се, а потоа и кон ЕУ, што ќе значат гаранции за нејзините позиции кои ќе бидат прикажани како наводно нејзина добра волја, навидум „нежно“ повлекување, се во функција на нашот прием во НАТО, вели Арсовски.

Грчкиот државен врв неколкупати кажува дека ќе поддржат Македонија во сите интегративни процеси, но ултиматумот е јасен, промена на уставното име. Шефот на грчката дипломатија Коѕијас, во интервју за грчкиот весник Етнос ги повика  Македонците или своите северни соседи како што не нарекува, во следните 6 месеци да ја стават раката на срце и да направат фер компромис. Од друга страна пак Заев вчера од Брисел порача дека македонската страна е подготвена за решение на проблемот со Грција. Побара поддршка за да се најде соодветното решение кое ќе има поддршка од двете земји.

Арсовски предупредува Македонија да биде внимателна во однос на добриот гест кој го прави  доколку се промени името на Аеродромот, дислокацијата на спомениците, но и ревизијата на историските учебници. Обидите за затоплување на односите со соседите според дипломатот, не треба да бидат направени како гест на добра волја, туку во вистински момент. 

Ивана Соколовиќ Најдова
 

USHTE SE BANDITE SO NEGO-BRE

Од: MAKEDONEC=PATRIOT

Време: 07.12.2017 17:37:37

Коментар: Abre Makedonchinja; Ushte se mutite so toj -Zapadnjak- toj e eden Sh.Piun i raboti kako mue napishano na rednata lista..?? Nego-Imeto nema Menuvanje.?? Gledaite nekako ispravete sija rabotata vo zemjata-Dodeka = dodeka ne Vie prodadena i Raspaechena Zemjata- Kakvi Jazici,kakva bugarizacija,kakva grchka,kakva albanizacija, Ovaa seta guzva Vi ja prai zapadot -proleanje KRV-i sopiranje na Gasovodnata Ruska linija-preku=Turska,Grchka,Makedonija=vo Evropa..??