Свет

Рекации на одлуката на Трамп за признавањето на Ерусалим за главен град на Израел

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, предизвика остри реакции од страна на речиси сите земји во светот.

07.12.2017 11:22:29

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, предизвика остри реакции од страна на речиси сите земји во светот.

Високиот претставик за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини изјави дека е длабоко вознемирена од одлуката на претседателот на САД Трамп да ја премести американската амбасада во Израел од Тел Авив во главниот град Ерусалим.

- Европсаката унија изразува сериозна вознемиреност од одлуката на претседателот на САД Трамп за Ерусалим и од последиците кои тоа може да ги има за перспективите за мир, соопшти Могерини.

Таа ги повика сите страни во регионот да бидат воздржани и да избегнат ескалирање на состојбите.

- Единствено решение се две држави, кои ќе одговараат на стремежите на двете земји. Тоа е единствено реално средство за постигнување на мир и безбедност, што го заслужуваат како Израелците, така и Палестинците, нагласи Могерини.

Во синоќешниот разговор со  палестинскиот претседател Махмуд Абас, високата претставничка за надворешна политика и безбедност при ЕУ, повторно ја истакнала цврстата позиција на Унијата, според која конечниот статут на Ерусалим како иден главен град на Израел и Палестина треба да биде уреден преку преговори, кои ќе одговараат на аспирациите на двете земји. 

Германската канцеларка Ангела Меркел наведе дека нејзината Влада не ја поддржува одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

 - Германскара Влада не ја поддрржува таа позиција, бидејќи статутот на Ерусалим треба да биде разгледан во рамките на одлуката со две држави, изјави Меркел. 

Велика Британија, исто така, соопшти дека не се согласува со одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, бидејќи тоа нема да помогне во напорите за мир во регионот. 

- Ние не се согласуваме со одлуката на САД да ја премести Амбасадата во Ерусалим и да го признае Ерусалим за главен град на Израел пред постугнувањето на договор за неговиот конечен статут. Сметаме дека тоа не може да помогне во перспективите за мир во регионот, наведе британската премиерка Терезе Меј. 

Меј посочи дека Амбасадата на Велика Британија е во Тел Авив и дека немаат намера да биде преместена.

Канада, оценува дека статутот на Ерусалим може да биде решен само во рамките на уредувањето на израелско-палестинскиот конфликт. 

- Канада е постојан сојузник и пријател на Израел, а исто така и пријател на палестинскиот напад, изјави канадскиот министер за надворешни работи Кристијан Фријланд. 

Тој посочи дека, Канада ќе продолжи да биде цврсто ангажирана со цел постигнување на праведен, глобален и траен мир на Блискиот Исток, што вклучува создавање на палестинска држава што ќе живее заедно со Израел во мир и безбедност. 

- Отава нема намера да го следи примерот на Вашинтон за официјално признавање на Ерусалим за главен град на Израел, нути пак за преместување на канадската Амбасада што се наоѓа во Тел Авив, посочи канадскиот министер за надворешни работи.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, пак, изјави дека статусот на Ерусалим може да биде дефиниран само преку преговори, додека францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење поради одлуката на Трамп.

Турското Министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на САД, нарекувајќи ја „неодговорна" и го повика Вашингтон да го преиспита овој потег.

Египет ја отфрла одлуката на САД, соопшти египетското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека признавањето на Ерусалим како главен израелски град од страна на Трамп, не го менува правниот статус на градот.

Иранското Министерство за надворешни работи информира дека Иран „сериозно ја осудува" одлуката на САД, со која „се прекршуваат меѓународните резолуции“.

Саудиска Арабија, исто така, изрази противење на потегот на Трамп, оценувајќи дека тој „ги провоцира чувствата на муслиманите ширум светот".

Катар, исто така, проценува дека одлуката за преместување на американска амбасада во Ерусалим е „опасна ескалација и смртна казна за сите оние кои сакаат мир".

Јорданскиот крал Абдулах Втори изрази загриженост во телефонски разговор со Трамп, на кој му рекол дека непочитувањето на правата на Палестинците, муслиманите и христијаните во Ерусалим, може само да предизвика ширење на екстремизмот.

Либан, исто така, предупредува дека одлуката на Трамп му се заканува на мировниот процес и стабилноста во регионот.

Како што јави МИА, Трамп вчера соопшти дека е време Ерусалим да биде признат как главен град на Израел.

- Мојата денешна објава го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Во 1995 година, Конгресот усвои акт со кој се бара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство, истакна Трамп.