Спорт

Јаневски: Да ги израдуваме фановите со првите бодови

Нашиот фудбалски шампион Вардар утре го игра последниот натпревар во Лигата на Европа.

06.12.2017 18:43:57
Дуелот со Розенборг е последната шанса со победа да се израдува домашната публика и воедно да се освојат и посакуваните први -историски бодови во натпреварувањето.

„Ова за нас е последен натпревар во Лигата на Европа, ова ни служеше да собираме добро искуство, и ние како стручен штаб и фудбалерите видовме што значи да се игра во една ваква Лига. Овие мечеви треба да ни бидат мотив за следните сезони исто така да се обидеме да обезбедиме учество во вакви натпреварувања, бидејќи од овие фудбалери еден ден многумина ќе играат надвор, да знаат што ги очекува, и како е да се игра во Европа. Во овој последен натпревар сакаме да ги освоиме првите бодови, затоа што освен искуството мора да гледаме и резултатски. Знаеме дека резултатски не поминавме добро. На гостувањата бевме блиску, против Розенборг на гости одигравме добар натпревар со шанси, но за жал го загубивме. Со Зенит исто бевме рамноправен противник, особено во второто полувреме, каде што можевме да дојдеме до тој историски бод, и таму не успеавме. Утре ни е последен натпревар, последна шанса да дојдеме до бодови. Како тоа би го направиле? Со еден добар пристап организациски, тактички, желба, знаење и верба во своите квалитети и пред нашата публика, бидејќи знаеме дека двата меча дома не ги одигравме на нивото и доживеавме порази кои и ден денес не болат. Кончено очекувам со поддршка на нашата публика да ги освоиме тие бодови“- изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

Натпреварот се игра утре на националната арена Филип Втори и стартува од 21 часот и 5 минути