Спорт

Комплетирање на групната фаза во Лигата на шампиони

Со вечерашните осум средби во елитната лига ќе се расчистат уште четири непознати со оглед на тоа што Манчестер Сити, Бешикташ, Тотенхем и Реал веќе обезбедија пласман во осмина финалето.

06.12.2017 18:42:16
Најинтерсно е во групата Е каде Ливерпул ја пречекува Спартак Москва. 
Домаќините и со бод продолжуваат понатаму додека рускиот состав се надева на триумф кој би го пласирал во следната фаза.
Второпласираната Севиља пак гостува кај Марибор и атакува на победа за 1/8 финале.

Во Ф групата Манчестер Сити е сигурен на врвот со што борбата е меѓу второпласираниот Шахтар со 9 бода и третиот Наполи до 6.
Шахрат за следната фаза треба да освои барем бод на тешкиот дуел со Сити, додека единствената опција за Наполи е победа на гостувањето кај Фејнорд. 

Во Г групата сигурен е Бешикташ, а Порто и Лајпциг кои имаат по 7 бода се борат за второто место.
И на двата тима им е потребна победа на дуелите Порто –Монако и Лајпциг -Бешикташ, а доколку и двата освојат по три бода понатаму оди Порто поради подобриот скор во меѓусебните дуели со Лајпциг.

И во последната група е се веќе јасно, Тотенхем е прв пред Реал Мадрид, а средбите се Тотенхем –АПОЕЛ и Реал –Борусија Дортмунд.

Сите натпревари започнуваат од 20:45 часот.