Спорт

Селекцијата до 17г. во група со Р. Ирска, Полска и Грузија

Противниците за вториот дел од квалификациите за пласман на Европски шампионат ги доби и нашата селекција до 17 години.

06.12.2017 18:40:38
Извлекувањето од последниот квалитативен сад значеше и дуели со Република Ирска, Полска и Грузија во групата 3.

Место на завршниот турнир обезбедуваат првопласираните селекции во конкуренцијата како и најдобрите седум второпласирани репрезентации.