Спорт

Репрезентативците до 19 години ги добија противниците

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги доби своите противници во елитната рунда од квалификациите за настап на Европскиот шампионати.

06.12.2017 18:39:42
Фудбалските надежи до 19 години жрепката ја дочекаа од повластена позиција, како носители во првиот сад што сепак не значеше и лесна група.

За настап на континенталниот собир младите репрезентативци треба да бидат првопласирани во конкуренција на Англија, Унгарија и Летонија.

Составот под раководство на Вујадин Станојковиќ, во првиот дел од квалификациите запиша три победи на исто толку средби, издвојувајќи се како фаворит во пресрет на жрепката, а дополнителен мотив за продолжување на одличната серија сигурно ќе биде и домашниот терен за време на настапите во елитната група.

Имено фудбалската федерација на Македонија, ја доби организацијата на овој настан кој ќе се одржи во периодот од 20-ти до 27 март следната година на тренинг центарот Петар Милошевски.