Македонија

Дали средбите во Брисел се подготовка на терен за промена на името?

Премиерот Зоран Заев во Брисел лобира за поголема поддршка од Унијата но и за побрзо одржување на средбите за помирување на политичките чинители како дел од иницијативата Жан Моне.

06.12.2017 18:08:00
Премиерот Зоран Заев во Брисел лобира за поголема поддршка од Унијата но и за побрзо одржување на средбите за помирување на политичките чинители како дел од иницијативата Жан Моне. Дали јавната покана до Заев и Груевски во Франција за помирување со бриселско посредништво зад затворени врати и без камери, е завеса позади која ќе се притиска за баланс на теренот за  промена на името? 

Од една страна, очигледно е дека помирувањето е помалку наивна причина за средби далеку од очите на јавноста – во ситуација која ниедна од двете страни не се изјаснила за стратегија во оваа насока. Од друга страна пак, јасно се изразени тајминзите кои треба да не доведат до окончување на спорот за името – како од Коѕијас така и од Димитров. Обајцата конкретно го посочија периодот по локални избори : ноември-декември.  Истиот се поклопува со најавените средби кои стојат во поканата од Брисел за како што велат : помирување.

Дека средбите во Брисел се подготовка за промена на името индиректно потврди и владината прес служба со соопштението објавено по средбата на Зоран Заев со со високата претставничка за надоврешан политика Федерика Могерини, 

„Македонската страна е подготвена за решение на проблемот со Грција. Бараме помош и поддршка како да го најдеме соодветното и одржливо решение кое ќе има поддршка во двете земји“,  истакнал Заев, пренесе владината прес служба.

На средбата двете страни заклучиле дека првата половина на 2018 година е круцијална кога е во прашање процесот за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. За време на дводневната посета на Брисел се сретна со претседателот на Европскиот парламент Антопнио Тајани.


Ивана Соколовиќ Најдова 
 

Dali sredbata vo Brisel se podgotovka na teren za promena na imeto?

Од: Hristo Neshkovski

Време: 06.12.2017 23:42:03

Коментар: Sredbata vo Francija vo Zan Mone inicijativat ne e narodna i se saka so sila da se naturi neshto na narodat shto ne im milo!Imeno albanskite politicki partii ke bidat zastapeni so pet predstavnici za shesnaeset posto od naselenieto od R.M.,a drugoto od 84% procenti ke bidat zastapeni so dva predstavnici!Kakva e ovaa kalkulacija na kolonijalisticka politika!?Maslam da ovaa inicijativa treba VMRO-DPMNE totalno da ja ignorira i ne prisustvuva tamu za zacuvuvanje na narodnosta na Makedonecot i identitetot!Ednash neka izvisat onie koi go organiziraat toa,da razberat da ovcite i ovcarot odat so kucinjata!Blagodaram.