Економија

НБРМ: растот годинава ќе биде 0.5%

Ескалацијата на политичката сцена го намали економскиот раст во државата,покажуваат последните проекции на НРБМ.

06.12.2017 18:21:33
 Ескалацијата на политичката сцена  го намали економскиот раст во државата, покажуваат последните проекции на НРБМ.  До крајот на годината економскиот раст во државата ќе биде  0,5%, но со тенденција до крајот на наредната 2018 година да  достигне до 3%, истакна вицегувернерката на НБРМ Анита Ангелова -Бежоска.
 

- Постои ризик политичката стабилност негативно да се одрази, впрочем ние се соочуваме со таа состојба. Во претходните три години ние имавме солиден економски раст. Во просек  еконимјата растеше со околу 3% и тоа беа стапки на раст кои што беа едни од повисоките во регионот на Централна и Југоисточна Европа. Меѓутоа со ескалацијата на политичката состојба и високата политичка неизвестност , растот забави во 2016  и отценуваме дека тоа е резултат на зголемената политичка неизвестност - изјава - Анита Ангеловска-Бежоска - вицегувернер на НРБМ.

Во однос на курсот и макроекономската стабилност нема никакви дилеми, децидна е вицегувернерката.

- Централната банка со години покажува дека има адекватен капацитет и инструменти да ја одржува стабилноаста на курсот којашто е од клучно значење за одржување на целокупната макроекономска стабилност во економијата, во очекувањата, во перцепцијата на домашните и странски економските агенти од коишто зависат странските директни инвестиции во нашата економија -  изјава - Анита Ангеловска-Бежоска.

За наредната година се очекува раст на инвестициите поддржани од странски, но и од јавните инвестиции, а ќе се подобри амбиентот и за домашните инвеститори.


Александра Ристевска