Балкан

Судири меѓу демонстранти и полицијата во Атина

Мали групи млади луѓе денеска се судрија со грчката полиција пред почетокот на демонстрациите за одбележување на деветгодишнината кога полицајци убија тинејџер што ги предизвика најтешките нереди во Грција во последните десетици години.

06.12.2017 15:50:06

Групи млади фрлаа сигнални ракети врз полициските единици за борба со нереди, кои одговороија со употреба на солзавец.

Судирите се случија пред студентските демонстрации во центарот на  Атина, кои се планирани за денеска попладне. Друг протест на претежно анархисткчки групи е закажен за вечерва.

Во центарот на Атина се распоредени околу две илјади полицајци за демонстрациите по повод смртта на 15-годишниот Алексис Григоропулос, кој во 2008 година беше застрелан од полицијата додека бил излезен со пријатели во населба во центарот на Атина, која е популарна меѓу анархистите.