Македонија

Се враќа несигурноста на улиците - серија грабежи во Охрид

Во 10 дена серија кражби и грабежи на банки сред бел ден во охридски-струшкиот регион. Два пати мета на разбојници е струшката екпозитура на „ТТК Банка“, лоцирана во центарот на градот, од која во двата наврати вкупно биле одземени 260.000 денари.

06.12.2017 15:09:21

Во 10 дена серија кражби и грабежи на банки сред бел ден во охридски-струшкиот регион. Два пати мета на разбојници е струшката екпозитура на „ТТК Банка“, лоцирана во центарот на градот, од која во двата наврати вкупно биле одземени 260.000 денари. Грабежот бил извршен филмски, на идентичен начин и во исто време. Првиот пат, на 25 ноемвр , сторителот со пиштол в рака, влегол во банката и го вперил кон една од вработените барајќи парите да ги стави во ранецот кој го носел со себе. Вработените во експозитурата повторно се соочија со пиштол во глава по само десет дена. Вчера утро непознат сторител околу 8 часот со спортска капа и пиштол влегол во банаката и со гласно викање, побарал во најлон кеса да бидат ставени парите. Потоа каубојски, го ставил пиштолот во појасот и излегол. На 30 ноември беше ограбена и  „Силк роуд банка“ во центарот на Охрид, од каде разбојникот со капа на глава и вооружан од банката одзел 50.000 денари.

Целокупниот полициски состав, опративата на СВР Охрид и полициската станица  во Струга е вклучена во прибирање на сознанија, на оперативни информации кои што се насочени кон лоцирање и поблиска идентификација на можниот сторител - Изјава Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.

И додека разбојниците оперираат дење, арамиите пустошат во ситните саати. Изминативе седум дена ограбени се објекти во строгиот центар на Охрид, на Булаварот Туристичка, во близина на пазарот. Мета на крадците се месарници, пекарници, менувачници, книжарници, апотеки, и  деловни субјекти. Сопствениците на објектите се плашат да зборуваат пред камера, бараат полицијата да ги пронајде крадците а од таму, со порака до нив.

Има одреден круг на можни сторители на тие казнени дела и дека во оптек се апсолутно сите инфомации со кои ние располагаме - Изјава Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.

Работа на полицијата не е само дење да патролира на секој ќош и да пишува казни, велат сопствениците на дуќаните кои не чувствуваат никаква безбедност. Живо пиле велат не пее на наjфреквениот булевар во Охрид каде и во една вечер се случуваат и по неколку кражби.Тие планираат да се менуват и во групи да стражат пред објектите.

 

 Росица Голабоска