Балкан

Ципрас: Грција во 2018 година ќе ги остави зад себе болните реформи

Ципрас укажа на фактот дека во три квартали грчката економија забележа раст, што, според него, е доказ дека најлошото за Грција поминало.

06.12.2017 11:42:50

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека земјата ќе сврти нова страница во 2018 година и ќе ги остави зад себе болните реформи кои мораше да ги спроведе како услов за да добие финансиски средства по економскиот колапс во 2009 година.

- Конечно дојде мигот на грчката економија. Стратегијата на мојата Влада и напорите на грчкиот народ дадоа резултат, изјави Ципрас за време на приемот на Американската стопанска комора во Грција.

Ципрас укажа на фактот дека во три квартали грчката економија забележа раст, што, според него, е доказ дека најлошото за Грција поминало.

Грчкиот премиер очекува во август 2018 година земјата да излезе од меморандумот со европските и меѓународните доверители, по што ќе може повторно да води сопствена економска политика.

Ова подразбира дека Грција ќе може самостојно да позајмува пари на меѓународните пазари на капитал, без да биде врзана за помошта од другите држави во ЕУ