Балкан

Од почетокот на годината 116 жртви по косовските патишта

Во изминатите единаесет месеци,во Косово е евидентирана загрижувачка појава на пораст на бројот на сообраќајни несреќи со тешки последици, јави дописникот на МИА.

06.12.2017 11:24:57

Во изминатите единаесет месеци,во Косово е евидентирана загрижувачка појава на пораст на бројот на сообраќајни несреќи со тешки последици, јави дописникот на МИА.

Полициската статистика потврдува дека годинава по косовските патишта животот го загубиле 16 лица повеќе споредено со истиот период лани.

- Во периодот јануари-ноември годинава регистрирани се 116 жртви во сообраќајни несреќи. Лани во истиот период животот го загубуја 100 лица. Само во ноември во сообраќајка загинаа 14 лица или шест повеќе споредено со ноември лани, изјави полицискиот портпарол Даут Хоџа.

Најголем број од сообраќајките се регистрирани во месец јули, кога фреквенцијата на возила е поголема, поради престојот на печалбарите. Во споменатиот месец 17 лица го загубиле животот во сообрќајни несреќи.

Според Хоџа, бројот на повреден лица е многу поголем од лани. Така за единаесет месеци во сообраќајни несреќи потешко или полесно се повредени 10.637 лица или околу 400 повеќе споредено со истиот период лани.

Хоџа упатува апел до учесниците во сообраќајот,посебно возачите, да бидат повнимателни и строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,посебно зимскиот период.