Црна хроника

Македонија втора во Југоисточна Европа по број на убиени жени со огнено оружје

По Косово, Македонија е втора држава од Југоисточна Европа , каде што расте бројот на жени застрелани со огнено оружје, покажуваат истражувањата на Центарот за контрола на мало и лесно оружје .

05.12.2017 21:50:49
 По Косово, Македонија е втора држава од Југоисточна Европа , каде што расте бројот на  жени застрелани со огнено оружје, покажуваат истражувањата на Центарот за контрола на мало и лесно оружје . Статистиките покажуваат дека 73% од регистрираните убиства во државата се извршени токму со огнено оружје. Како причина за овој негативен тренд се наведуваат воените конфликти во бивша Југославија, но и конфликитите од 2001 година. 
    
Потребно е да се воведат поголеми контроли при издавање на дозволи за користење на огнено оружје. ПОсебно внимание треба да се обрати на психолошкиот профил на лицата на кои легално им се дава огнено оружје, како што се професионалните војници и полцајците , алармираат од невладиниот сектор.

Дека е потребно воведување на поголеми контроли  и мониторинг на лицата кои имаат лесен пртистап до огнено оружје  потврдува и случајот од пред три години во  Злетово,n каде што професиоонален војник застрела три  лица.
 

Александра Ристевска