Спорт

Продолжи триумфалната низа на Вардар

Ракометарите на Вардар ја совладаа Војводина со 37:22 и го продолжија триумфалниот поход во СЕХА лигата.

05.12.2017 20:31:56

Македонскиот, европскиот и регионалниот шампион ја продолжи победничката серија во СЕХА лигата и по денешниот триумф се зацврсти на првото место на табелата.

Предводникот на "црвено црните", Раул Гонзалез уште од самиот почеток им даде шанса на младите Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓески кои максимално ја оправдаа довербата и беа најзаслужните за новата победа на Вардар.

На голот на домашниот тим блескаше Ѓорѓески, кој во текот на натпреварот имаше вкупно 18 интервенции додека Поповски постигна 10 погодоци.

Ракометарите на Вардар веќе викендов ги очекува нов предизвик во СЕХА лигата, кога на програмата е македонското дерби. В сабота од 20 часот и 45 минути во салата на СЦ Јане Сандански ќе се игра второто соочување со Металург во регионалното натпреварување.