Спорт

Без Русија на Олимписките игри во Пјонгчанг

Интернационалниот олимписки комитет го суспендираше Олимпискиот комитет на Русија и спортистите од оваа земја на Игрите во Пјонгчанг нема да настапуваат под знамето на својата земја.

05.12.2017 20:17:19
По серијата суспензии поради користење на недозволени средства и сериозните индиции дека постоела системска програма за допинг челниците на ИОК донесоа одлука за суспензија на националниот олимписки комитет, кој воедно ќе мора да плати оштета во висина од 15 милиони долари, а поранешниот министер за спорт Виталиј Мутко е доживотно суспендиран од било кои активности поврзани со Олимписките игри.

И покрај суспензијата на Рускиот олимписки комитет, спортисти од оваа земја ќе имаат право да настапат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, но ќе партиципираат под олимпиското знаме. Сите руски спортисти кои ги исполниле нормите во своите дисциплини ќе мора да ги минат ригорозните допинг контроли и откако ќе се утврди дека тие не биле во системот за користење на недозволени средства ќе добијат покана за настап во Појонгчанг.

Рускиот олимписки комитет и претседателот Владимир Путин неодамна најавија бојкот доколку на спортистите од оваа земја им биде забранет настапот на Игрите во Пјонгчанг по националното знаме.