Македонија

И опозициските советници од Ѓорче Петров и Берово ги напуштија седници како поддршка за приведените

Советниците од општина Ѓорче Петров денеска ја дадоа својата поддршка за притворените и обвинети за тероризам.

05.12.2017 15:00:09
  Вака советниците од општина Ѓорче Петров денеска ја дадоа својата поддршка за притворените и обвинети за тероризам. Јас испееја државната химна потенцирајки дека на овој начин вршат терористички акт и демонстративно ја напуштија седницата на советот. 

 Уставот го прекршиле и други луѓе а во моментов ги воделе институциите во државата, советниците бараат да престанат двојните аршини, политичките конструкции и реваншизмот.

– Остануваме доследни на поддршката на притворените бранители од настаните од 27 април и нема да присуствуваме на следните седници каде што тие ќе бидат исто така искористувани во полза на власта. Остануваме да ги поддржуваме додека не падне оваа полициска хунта,вели советник од општина Ѓорче Петров  

 Денеска Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата и во општина Берово ја бојкотираше 3-та седница и не учествуваше во работата на советот. Велат дека во зависност од политичките случувања во иднина, ќе заземат став за понатамошната работа во општина Берово. 

 Вчера се бојкотираше и седницата на советот во општина Гази Баба, се одложи на неопределено време . И членовите на советот во Ресен најавиле бојкот на работата на градското собрание, а советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани поднесоа колективна неотповиклива оставка. Ситуацијата ја категоризираат како срамна и скандалозна втемелена на политички конструкции и реваншизам.

 Засега Советничките групи на ВМРО ДПМНЕ ги бојкотираат само општинските седници на советите ширум државата, ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема одлука за излегување од Собрание. Дали ќе се напуштат и собраниските клупи по масовно апсење за настаните од 27 април, засега не се знае, во меѓувреме пред неколку ВМРО ДПМНЕ не учествуваше и на конститутивна седница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).