Црна хроника

Пари и предмети украдени од сефови од банка во Скопје

Голема кражба во една од поголемите банки во Скопје. Пари и предмети се украдени од сефови на најмалку петмина.

05.12.2017 14:21:50
Голема кражба во една од поголемите банки во Скопје. Пари и предмети се украдени од сефови на најмалку петмина. Оштетените веќе пријавиле во полиција дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во банката..Неофицијално дознаваме дека грабежот го извршила добро организирана група уште минатата недела. Од полицијата информираат дека веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.